Month: January 2024
Хемиско-суво чистење на возила
Хемиско-суво чистење на возила, Еколошки Здраво-веднаш Суво
Во светот Хемиско чистење е всушност Dry Cleaning и претставува Суво чистење. Во нашата земја сите прават Хемиско чистење на возила но всушност нудат услуга водено перење со екстракција. Користењето на хемикалија за вршење на чистењето не ја прави таа услуга ХЕМИСКО ЧИСТЕЊЕ. Со гордост ние сме единствен сервис за Хемиско-суво чистење во Македонија кој ја нуди услугата од овој тип. Разликата на нашето чистење во споредба со сите други сервиси е брзината и квалитетот на услугата. Третманот не едно возило трае 4-5часа по што возилото е во возна состојба истиот ден. Не се расклопува внатрешноста а се чисти до последен детал. Нема крцкање на пластики и слично по третманот. Најчест проблем при Водено перење на седиштата е оксидација на контакти од сензори за Air bag, сензор за каиш за врзување како и греачи на седишта доколку ги има во возилото. Штетата нема да се појави веднаш но допирот на хемикалија ќе го оксидира бакарот одложено во текот на следните шест месеци до една година, по што сумата за поправка на истите ќе биде на ваш товар и со поевтината цена на хемиското сигурно ќе ја надмине неколку кратно нашата сума за чистење. Не дозволувајте да ве погоди онаа стара изрека”Сиромавиот два пати плаќа ” Дозволите на две до три години еден третман на внатрешноста во вашето возило. Во текот на три години вашето возило добива најмалку 36 надворешни перења. Внатрешноста за жал добива само всмукување и пребришивање со една до две крпи кои реално не се во можност да ја одстранат во целост нечистототијата. Од тука најголемиот извор на зарази е токму внатрешноста на вашето возило,а го користите вие со вашите најблиски за кратки и долги патувања. Затоа препорачуваме професионално чистење на 3 години користење , како во целост брзо и успешно би ја одстраниле целата нечистотија од возилото. Со преку 2000 изработени возила Искуството е на наша страна и квалитетот доаѓа сам по себе. Со задоволство ќе го изработиме и вашето возило.| 





Хемиско чистење на мебел-штоф

Хемиско-суво чистење на мебел-штоф гарнитура за седење. Сите површини во домот добиваат третман повеќе од вашата гарнитура за седење.
Акумулацијата на нечистотија низ годините ја прави совршен извор на зараза кој го користи вашето семејство секојдневно. Во текот на 5 години потребно е да и посветите внимание. Хемиско-суво чистење на мебел-штоф е премиум услуга која ја нудиме за вас во вашиот дом. Стручни лица ќе го изведат чистењето брзо и квалитетно со средства кои не се штетни по човекот ни по вашите домашни миленици. Процесот на чистење трае 1,5 часа до 4,5 часа во зависност од големината на гарнитурата и истата е веднаш сува во најдобар случај ,односно 4,5часа во најлош случај. Користењето на средства од Системот CarpetCleaner ни овозможува да ги одстраниме и најтврдокорните флеки со што квалитетот на услугата ја прави на највисоко ниво. Средствата се еколошки со pH Неутрален фактор и ги отстрануваат сите видови на флеки. Потребно е само да ни испратите слики од истата на Viber Како би ви дале понуда за вашиот модел на гарнитура. Со задоволство ќе ја исчистиме да блесне во нејзиниот вистински сјај како кога била нова. Контактирајте не тука за повеќе информации Хемиско-суво чистење на мебел-штоф Столици Сервисот ИНФЛООР со своето искуство и со својата организација успешно може да исчисти во текот на едно работно време 300~ 500 ресторански столици кои веднаш следниот ден би се користеле. Средствата што ги користиме се со pH Неутрален фактор и лесно ја отстрануваат секоја флека како и восок и гуми за џвакање. Вашите секојдневни клиенти следниот ден ќе бидат пријатно изненадени. Посоиме и се грижиме за секое едно столче како да е наше. 

