Month: February 2024
За НАС
Сервисот ИНФЛООР ги нуди својте услуги од 2000та година. До денешен ден е единствениот кој нуди врвен квалитет за пристојна цена. Сите услуги што ги нудиме се на високо ниво и квалитет кој се разликува од сите што нудат услуга во сверата на чистењето.Услугата ја изведуваме крајно професионално на секој објект и истиот добива третман како да е лично наш објект. Стручноста и искуството што го имаме ни овозможува да ги совладаме со леснотија и најголемите објекти кои ги работиме периодично во најкраток можен рок. Со користење на нашите услуги добивате објект кој е оперативен во најкраток рок со што ќе продолжи веднаш да ја обавува функцијата за кој е наменет. Услуги кои ги нудиме:
- Хемиско чистење на подна текстилна облога (теписони,килими и теписи)
- Хемиско чистење на мебел-штоф (гарнитури,столици,тапацирана звучна изолација)
- Хемиско чистење на возила (леки коли,теренски возила и камионски кабини,
- Хемиско чистење на душеци за спиење
- Хемиско чистење на клима уреди
- Хемиско чистење на завеси (тешки драпери и маркизет завеси)
- Хемиско чистење на постелнини
- Хемиско чистење на завеси( вариолајт,венецијанер, зебра завеси и роло завеси)
- Хемиско чистење на кожи и крзнени производи
- Хемиско чистење на опожарени објекти
- Хемиско листење на кристални лустери
- Генерално чистење на простории пред вселување
- Генерално чистење на канцеларии и комерцијални објекти
- Генерално чистење на влезови и гаражи од стамбени згради
- Одпрашување на кошулица од индустријски објект
- Водено перење на килими .
- Водено перење на теписи и теписони
- Редовно одржување на хигиена во влезови од стамбени згради
- Перење на стаклени фасади
- Поставување на брисачи за пред влезови
- Поставување на противлизгачки траки за скали
- Трговија со машини,средства и опрема за чистење Постоиме за вас и за вашите барања. За повеќе информации за нашите услуги контактирајте не Тука. &
Хемиско чистење на кристални лустери
|По повеќе од една година кристалите од вашиот лустер добиваат наслаги од нечистотија која треба да се одстрани. Ние со проверена метода вршиме чистење на истиот по што кристалот блеска во својот вистински сјај. Спектарот на бои е тој што дополнително го зголемува ефектот на убавина на вашиот скап лустер. Сервисот инфлоор располага со скеле за работа на висина до 8м

па така работењето во вашиот објект без никаков проблем ќе биде изведено во најкраток можен рок. Се врши демонтажа на секое едно ланче од лустерот . Кристалите со ланчињара се потопуваат во 3%Боров дестилат неколку минути при што се одстрануува целата нечистотија дури и од скриените делови од истите.Се врши пребришување рачно на конструкцијата од истиот и се преминува на процесот на монтажа. Секое ланче со кристали се полира со мека микрофибер крпа како би се добил висок сјај.Работата е прецизна и одзема време но искуството што го имаме го прави процесот едноставен и брз. Нашето време за чистење се пресметува по видување и зависи од лустер до лустер посебно. Дури и исти лустери на две различни позиции може да се работат за различно време.Тоа е во зависност од просторот под самите лустери. Затоа пред било што , Потребно е да дојдеме да да предвидиме се како би ви ја дале реалната понуда за конкретното чистење. Во изминативе години не сме разочарале на ниту еден објект дури и сме сервисирале скинати ланчиња по што нарачателите секогаш биле пријатно изненадени. За чистење на вашиот лустер контактирајте не тука.
Хемиско чистење на кожа и крзнени производи
Единствени со оваа услуга. Кожата како ексклузивен материјал треба да добие проофесионален третман. Во зависност од дебелината на истата постојат различни методи на чистење што го прави истото специфично. Во зависност од тоа колку пати е штавена зависи третманот на истата. Доколку не се истретира истата правилно истата ке ја изгуби еластичноста и во кратко време би се дехидрирала со што ќе стане екстремно крута и истата би можела да се крши при допир. Како не би се случило ова Ние сме стручни да го направиме чистењето совршено. Кожата со текот на времето се омекнува повеќе од самото користење и истата е растегната и ја губи фотрмата. Нашите средства се дизајнирани при хеемиското чистење да ја затегнат со цел да ја вратат во првобитната форма. Со тоа се добива посакуваната крутост како кога била нова. Затоа не ризикувајте со други , вие сте на вистинското место и за повеќе информации контактирајте не тука.
Хемиско чистење на клима уреди
Демонтираната стара клима пред да ја наместите на друга локација можете нам да ни ја доверите нам за чистење на внатрешната и надворешната единица. Гарантирано ќе ја одстраниме целата нечистотија со што ќе го продолжиме векот на користење на истата. Со тек на времето наслагите на нечистотија кои се собираат со проток на воздухот се огромни.Со присуството на кондензација се добива одлични услови за развој на мувла чии спори ите како го загрозуваат животот. Кога веќе планирате да ја местите на друго место монтирајте ја како нова.Бидете безбедни со вашето семејство при користење на истата. Со задоволство ќе ја исчистиме за вас.

Хемиско-суво чистење на подна текстилна облога
24 години искуство не става на прво место и бренд за чистење на комерцијални објекти во Македонија. Преку 60 големи објекти од кои 23 хотели е референтна листа за која ние се грижиме секојдневно да се зголемува. Искуството од професионален кадар со најквалитетниот систем за чистење е комбинација која дава најквалитетна услуга за чистење во нашата држава. Гарантираме највисок квалитет и динамичност при извршување на чистењето. За најкратко време вашиот простор ќе биде исчистен и оставен во уредна состојба.Капацитетот на полезно дејство на сервисот Инфлоор е 20-120м² на работен час во зависност од просторот. Апликацијата на 2-5% влага на теписонот при чистењето го прави веднаш сув по што истиот може да се користи. Нема сушење,нема развој на непријатни мириси,нема вентилирање и нема оштетување на боите од теписонот.Успешно се отстрануваат сите видови на флеки. Брендот CarpetCleaner со гордост го користиме 24год. И истиот нуди Dry Cleaning Суво чистење кое го продолжува векот на теписонот за 2 до 2,5 пати подолго во споредба со сите други чистења познати на човештвото.Од тука на долги стази нашиот систем излегува најевтин за користење во вашиот објект. Потребно е да не контактирате и со задоволство ќе направиме бесплатна презентација на најпрљавиот дел од вашиот телеписон. Врз основа на извршената презентација ќе добиете реална цена за чистење во вашиот објект. Сите објекти кои ги работиме ги чувствуваме како наши. Бидете и вие дел од нив.




Перење на Килими и Теписи

Со задоволство можеме да кажеме дека ја нудиме оваа услуга со највисок квалитет на пазарот. Теписите се составен дел на внатрешноста на една животна средина. Во домашни услови истите се всмукуваат само и тоа е доволно да се одстрани физичката нечистотија. Перењето на истите дозволете ние да го направиме за вас . Со сигурност тврдиме дека користиме 4до 5 пати повеќе вода од другите сервиси со што крајниот ефект е подобар од другите сервиси. Користењето на средства од Системот CarpetCleaner ни овозможува да ги одстраниме и најтврдокорните флеки кои ги има на вашиот килим. Перењето се изведува рачно со користење на машина со четки- ваљци кои го подкреваат флорот на влакното со што се зголемува волуменот на истите. Во процесот на перењето е вклучен и процес на плакнење со центрифугирање на1400 вртежи со што успешно ја одстранување целата нечистотија од килимот. Користењето на центрифуга ни го скратува времето на сушење па истите може да бидат суви од 2 до 7 дена во зависност од дебелината. По центрифугирањето со 1400вртежи водата е одстранета од истите со преку 90% ,за досушување ги поставуваме во тунел без сончево влијание по природен пат со користење на вентилатори да ја одстраниме останатата влага од истите. По комплетното сушење истите длабински се тресат со Rainbow машина со цел да се одстранат вишокот на влакненца,и се преминува на пакување на истите. Низ годините стекнавме без број задоволни клиенти. Бидете и вие дел од нив.
Хемиско чистење на завеси
Хемиско чистење на завеси Оваа услуга ја нудиме за завеси од типот на: Вариолајт Зебра завеси Венецијанер завеси Blackout завеси Маркизет завеси Роло завеси Услугата ја добивате во нашиот сервис со најквалитетни средства кои не ги оштетуваат истите и даваат највисок квалитет. Истите моме да ги донесете во нашиот сервис но претходно да не контактирате за да добиете инструкции за демонтажа и транспорт како би стигнале без оштетувања во нашиот сервис. Доколку не сте во можност да ги донесете можеме да ви понудиме демонтажа,чистење и монтажа во вашите простории .Комплетна Премиум услуга за пристојна цена. Нашето искуство низ годините е неприкосновено и имаме безброј задоволни клиенти кои редовно ја користат оваа услуга од нашиот сервис. Без број пати клиенти кои се одлучиле и однеле во друг сервис, не го добиле тоа што го очекувале и потоа ги носат со каење во нашиот сервис за корекција. Сме поскапи од другите но квалитетот е на наша страна. Не дозволувајте да ве погоди онаа стара изрека”Сиромавиот два пати плаќа “





