Images
Хемиско-суво чистење на подна текстилна облога
24 години искуство не става на прво место и бренд за чистење на комерцијални објекти во Македонија. Преку 60 големи објекти од кои 23 хотели е референтна листа за која ние се грижиме секојдневно да се зголемува. Искуството од професионален кадар со најквалитетниот систем за чистење е комбинација која дава најквалитетна услуга за чистење во нашата држава. Гарантираме највисок квалитет и динамичност при извршување на чистењето. За најкратко време вашиот простор ќе биде исчистен и оставен во уредна состојба.Капацитетот на полезно дејство на сервисот Инфлоор е 20-120м² на работен час во зависност од просторот. Апликацијата на 2-5% влага на теписонот при чистењето го прави веднаш сув по што истиот може да се користи. Нема сушење,нема развој на непријатни мириси,нема вентилирање и нема оштетување на боите од теписонот.Успешно се отстрануваат сите видови на флеки. Брендот CarpetCleaner со гордост го користиме 24год. И истиот нуди Dry Cleaning Суво чистење кое го продолжува векот на теписонот за 2 до 2,5 пати подолго во споредба со сите други чистења познати на човештвото.Од тука на долги стази нашиот систем излегува најевтин за користење во вашиот објект. Потребно е да не контактирате и со задоволство ќе направиме бесплатна презентација на најпрљавиот дел од вашиот телеписон. Врз основа на извршената презентација ќе добиете реална цена за чистење во вашиот објект. Сите објекти кои ги работиме ги чувствуваме како наши. Бидете и вие дел од нив.




Хемиско-суво чистење на возила
Хемиско-суво чистење на возила, Еколошки Здраво-веднаш Суво
Во светот Хемиско чистење е всушност Dry Cleaning и претставува Суво чистење. Во нашата земја сите прават Хемиско чистење на возила но всушност нудат услуга водено перење со екстракција. Користењето на хемикалија за вршење на чистењето не ја прави таа услуга ХЕМИСКО ЧИСТЕЊЕ. Со гордост ние сме единствен сервис за Хемиско-суво чистење во Македонија кој ја нуди услугата од овој тип. Разликата на нашето чистење во споредба со сите други сервиси е брзината и квалитетот на услугата. Третманот не едно возило трае 4-5часа по што возилото е во возна состојба истиот ден. Не се расклопува внатрешноста а се чисти до последен детал. Нема крцкање на пластики и слично по третманот. Најчест проблем при Водено перење на седиштата е оксидација на контакти од сензори за Air bag, сензор за каиш за врзување како и греачи на седишта доколку ги има во возилото. Штетата нема да се појави веднаш но допирот на хемикалија ќе го оксидира бакарот одложено во текот на следните шест месеци до една година, по што сумата за поправка на истите ќе биде на ваш товар и со поевтината цена на хемиското сигурно ќе ја надмине неколку кратно нашата сума за чистење. Не дозволувајте да ве погоди онаа стара изрека”Сиромавиот два пати плаќа ” Дозволите на две до три години еден третман на внатрешноста во вашето возило. Во текот на три години вашето возило добива најмалку 36 надворешни перења. Внатрешноста за жал добива само всмукување и пребришивање со една до две крпи кои реално не се во можност да ја одстранат во целост нечистототијата. Од тука најголемиот извор на зарази е токму внатрешноста на вашето возило,а го користите вие со вашите најблиски за кратки и долги патувања. Затоа препорачуваме професионално чистење на 3 години користење , како во целост брзо и успешно би ја одстраниле целата нечистотија од возилото. Со преку 2000 изработени возила Искуството е на наша страна и квалитетот доаѓа сам по себе. Со задоволство ќе го изработиме и вашето возило.| 





